Честитки до сите православни верници во Македонија, денеска бевме сведоци на историски чин за нашата македонска национална историја. Ова меѓудругото стои во објавата на Фејсбук на Претседателот на државата – Стево Пендаровски.
„Денеска, aрхиепископ г.г. Стефан на македонски јазик богослужеше заедно со вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј и архиереите на вселенската патријаршија. Нашата црква е во канонско единство во православниот христијански свет. Благодарност до вселенскиот патријарх г.г.Вартоломеј“ – пишува во објавата на Пендаровски.