Путин: Русија е подготвена да ја снабдува Европа со нафта и гас

Русија е подготвена повторно да обезбедува нафта и гас за европските земји доколку постои интерес за долгорочна и стабилна соработка, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанок посветен на состојбата на пазарот на нафта и гас.

Тој нагласи дека Москва отсекогаш била сигурен снабдувач со енергенси и дека никогаш не одбила соработка со европските партнери.

„Доколку европските компании и купувачи одлучат да се насочат кон долгорочна и одржлива соработка без политички притисоци, ние сме подготвени. Никогаш не сме одбиле соработка со Европејците“, изјави Путин.

Воедно, рускиот претседател посочи дека владата во Москва анализира дали е поисплатливо дел од испораките на гас за Европа да се пренасочат кон нови пазари. Ова доаѓа во период кога Европската Унија најавува планови целосно да го прекине увозот на руски гас до 2027 година.

„Не треба да чекаме вратата да ни биде тресната пред лицето. Треба навреме да ги пренасочиме тие количини од европскиот пазар кон други, поатрактивни дестинации“, рече Путин.

Тој додаде дека Русија ќе продолжи со испораки на нафта и гас кон земјите што ги смета за сигурни и стабилни партнери на енергетскиот пазар.