Трифонов признава, ја напуштил бугарската Влада поради Македонија

Слави Трифонов – лидерот на бугарската партија „Има таков народ” во интервју за радио „Дарик” вели дека ја напуштил владејачката коалиција поради Македонија, додавајќи дека е прекршен коалицискиот договор.

„Ја напуштам Владата поради Македонија“ – изјави Трифонов.

Според него, додека локалните Бугари не бидат дел од Уставот на Македонија и не започне имплементацијата на Договорот од 2017 година и доколку тоа зависи од него, Скопје не би ги започнало преговорите за членство во ЕУ.

Тој беше дециден дека излегувањето од владејачката коалиција е правилно, бидејќи е помалку лошо од она што почна да се формира.

Трифонов смета дека Кирил Петков и Асен Василев се забораваат и се однесуваат на неадекватен начин.

Вели дека најголемиот компромис што го направиле тој и неговата „Има таков народ” е да коалицираат со Бугарската социјалистичка партија.