Историски чин е влегувањето во канонско и литургиско единство ма МПЦ-ОА преку денешната литургија со Вселенската патријаршија со целиот православен свет.
На празникот Педесетница утринската се спои со вечерната литургија.
Патријархот Вартоломеј во својата беседа истакна дека овој настан значи потполно разбирање за големината на дарот на Мајката Црква, но и одговорност.
Од денеска МПЦ-ОА е дел од сеправославниот свет, рече тој.
„При вас се принадлежностите за доделување афтокефалност“ – рече Архиепископот г.г.Стефан кој повика на трпение.
На литургијата присуствуваше премиерот Ковачевски заедно со тројца министри – Спасовски, Османи, Петровска.
Во Фанар денеска допатуваа и голем број верници кои со радост го дочекаа чинот на сослужување и соединување во една света соборна и апостолска црква. Некои патувале со автобуси за да приствуваат на историјата и да ја споделуваат со блиските.
Посетата на МПЦ-ОА во Истанбул продолжува и утре со литургија на која ќе чиноначалствува архиепископот Стефан.