Функционери од Владата на СДСМ осомничени за преносот на марихуаната од Македонија кон Србија

Функционери од Владата на СДСМ се опфатени во истрагата како учесници во преносот на марихуаната од Македонија кон Србија, а откако беа фатени 4 тони. Ова го потврди премиерот Христијан Мицкоски кој одби да соопшти детали во интерес на истрагата.

„Во интерес на истрагата не би одел чекор понапред. Тоа што го имав да го кажам за овој случај го кажав. Има функционери, но од претходната Влада, има фирма сопственост на поранешен претседател на СДСМ во Ново село, односно негов син“, рече Мицкоски, објави Скопје1.мк.