Проф. д-р Кузмановска: Трансплантацијата не е само медицинска процедура, таа е нов почеток, нова шанса и нов живот

МЗ нагласува дека на трибината учествувале врвни медицински експерти, трансплантациски координатори, претставници на верските заедници, правници, како и пациенти и донори, сите со заедничка мисија: подигнување на свесноста и градење култура на донорство.

Втора трибина во Битола посветена на Органодарителство во Македонија се одржа вчера во Битола, а како што соопшти Министерството за здравство целта е отворање поширока јавна дискусија за значењето, предизвиците и етичките аспекти на трансплантацијата.

МЗ нагласува дека на трибината учествувале врвни медицински експерти, трансплантациски координатори, претставници на верските заедници, правници, како и пациенти и донори, сите со заедничка мисија: подигнување на свесноста и градење култура на донорство.

-Трансплантацијата е врв на медицината, но и врв на човечноста. Таа бара знаење, организација и систем, но пред сè доверба, солидарност и храброст. Секој спасен живот е доказ дека кога институциите, стручната фела и заедницата се обединети, надежта станува реалност. Подигнувањето на свесноста за донорството не е само избор, тоа е општествена одговорност и хуманост која може да спаси или да го подобри квалитетот на животот, посочи проф. д-р Кузмановска на трибината, појаснувајќи ги условите да се биде дарител, комплексноста на процедурите, но и подготвеноста на здравствениот систем за овие сложени трансплантациски процедури.