Уништена е над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна
Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спроведени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна.

Со контролите утврдено е дека 14 оператори воопшто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата, информираат од АХВ.
„За утврдените недоследности со контролите, издадени се 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20 550 евра во денарска противвредност.
Кај 9 оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај 7 била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори најдена била и храна со непознато потекло.
Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжителен здравствен преглед.
Двајца од операторите немале воспоставени процедури за добра производствена и добра хигиенска пракса, или не воделе соодветни записи.
Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите“ соопштија од АХВ..