ССМ: Исполнување на барањата или генерален штрајк

Сојузот на синдикати на Македонија до крајот на февруари остава простор за договор за зголемување на минималната плата на 600 евра и останатите плати за 100 евра. Доколку тоа не се случи, во првата половина на март следува генерален штрајк и голем работнички протест.

ССМ денеска ги блокираше влезовите на Владата порачувајќи и дека има можност на денешната владина седница да донесе одлука за зголемување на платите на работниците.

– 24 министри, на денешната седница на Владата, треба да предложат измени и дополнување на Законот за минимална плата, ако сакаат да бидат со работниците — да се зголеми минималната плата на 600 евра и да се зголемат сите останати плати за разликата од претходната минимална до новата минимална плата, или за најмалку 6.000 денари, рече претседателот на ССМ – Слободан Трендафилов.

Во наредниот период до почетокот на март не се исклучува можноста за организирање блокади на таргетирани институции и во внатрешноста на државата.

-Ако одлучат, на седница на Влада, да ја зголемат минималната плата на 600 евра и да ги зголемат сите останати плати за најмалку 6.000 денари, нема да ме гледаат повеќе на телевизија, нема да ме гледаат на социјалните медиуми. Се дотогаш продолжуваме онаму каде што стоиме сега, на улица – изјави Трендафилов.

Со денешната блокада на Владата, ССМ ја заврши втората фаза во која беа блокирани Собранието и Стопанската комора.