
Фрлена бомба врз куќата на Здравко Чолиќ во Дедиње.
Според информациите, полицијата и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Белград спроведуваат истрага на лице место.
Нанесена е голема материјална штета, пишува српски Блиц.
Засега нема информации дали некој бил во куќата кога била фрлена бомбата и дали има повредени лица.
Мотивот за нападот во моментов се утврдува.