Трендафилов: Ниту еден функционер не вреди десетпати повеќе од работник

Ниту еден функционер не вреди десет пати повеќе од работник, вели претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов во гостување на Алсат М телевизија.

Ниту еден функционер не вреди десет пати повеќе од работник, вели претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов во гостување на Алсат М телевизија.

„Зборуваме за барањето за зголемување на платите на работниците, за следните фази во изразување на работничко незадоволство, за уцените и за барањето од Владата за укинување на Општиот колективен договор за јавен сектор и за укинувањето на зголемување на платите во јавен сектор, уцените за укинување на правото на јубилејна награда, К-15 ( образование, здравство, МВР, АРМ и др.), зборуваме и за тоа што можат да направат пратениците, за тоа каква порака испраќа Владата што денеска нејзиниот претставник не се појави во ССМ за да се потпише Спогодбата за зголемување на минималната плата и за зголемување на сите останати плати и за да се потпишат колективните договори за да се зголемат работничките плати за 40%, зборуваме и за тоа како ги менуваат политичките партии дресовите кога се во опозиција и кога се на власт. Да им земете три парички на работниците, а да им дадете една е несериозно. Во Владата треба да си ги послушаат само своите совети кои ги давале пред две или три години и да се придржуваат до нив” – напиша Трендафилов на Фејсбук.