Најмногу дожд во Демир Капија и Штип, најстудено утрово во Берово

Најмногу дожд во изминатите 24 часа имало во Демир Капија и Штип, а најниската минимална температура утрово е евидентирана во Берово, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа имало во Демир Капија и Штип, а најниската минимална температура утрово е евидентирана во Берово, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Демир Капија и Штип наврнало 6 литри на квадратен метар, 4 – Радовиш – Пожар, Кавадарци, Виница, 3 – Струмица, 2 – Прилеп, Берово, 1 – Крива Паланка, Крушево, Битола, Тополчани, Велес, Попова Шапка.

Утрово во Берово биле регистрирани -5 Целзиусови степени, -4 – Попова Шапка, -3 – Скопје-Петровец, Крива Паланка, Велес, Тетово, Струмица, Битола, -2 – Штип, Прилеп, Демир Капија, -1 – Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Kрушево, Маврови Анови, Ѓуриште, Пожаране, Виница, Гевгелија, Претор, 0 – Тополчани, Охрид.

Триесет сантиметри изнесувала снежната покривка на Попова Шапка до седум часот утрово.

Од УХМР информираа дека времето денеска се очекува претпладне да биде претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта, облачноста да се зголеми и најпрвин во западните делови, а потоа насекаде да има врнежи од дожд, а на повисоките планини, слаб снег. Се очекува да дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура најавено е да биде во интервал од 6 до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје, се очекува облачно време, а попладне со повремен дожд. Синоптичарите најавија да дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура се очекува да достигне до 7 Целзиусови степени.