Бугарски академик се потсмева со нашите камионџии, ги советува да си извадат бугарски пасоши
Бугарскиот академик Спас Ташев им порача на македонските камионџии да станат бугарски државјани за да можат без проблем да возат низ земјите од Европската Унија. Неговиот предлог е во моменти кога македонските и превозниците од Западен Балкан веќе втор ден протестираат, барајќи решение за проблемите поради електронската евиденција за престој во Шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена од април годинава.

Во објава на социјалните мрежи, бугарскиот академик детално ја образложува својата позиција и дава „препораки за возачите од Северна Македонија“.
„Тврдењето на медиумите дека станува збор за Македонија не е точно. Станува збор за Северна Македонија, која е само 36% од територијата на географскиот регион на Македонија. Само името Македонија создава збунетост и неосновани тврдења. Мора да се држиме до објективните факти. Граѓаните на Северна Македонија си избраа влада која не им служи на северномакедонските, туку на српските интереси. Оваа влада сосема свесно ги блокира евроинтеграциите на Скопје за Белград да не оди пред неа. Во ваква ситуација, не гледам поента за протестите, бидејќи сегашната ситуација е предвидена. Одлуката е таму да не се гласа за зависни политичари кои се инфилтрирале во сите страни“, пишува тој во објавата.
Ташев вели дека многу возачи од Македонија, кои ги познава, имаат бугарски пасош и патуваат без проблем во ЕУ.
„Познавам многу возачи од Северна Македонија (и онака живеев таму 4 години, а никогаш не сум прекинал контакт) кои имаат бугарско државјанство и без проблем ги возат камионите во ЕУ. Затоа би им препорачал на повеќе возачи од Северна Македонија да станат бугарски државјани. Ништо нема да изгубат, само ќе добијат, затоа што Скопје и неговите владетели нема наскоро да започнат европски преговори. Имам и идеја за групен спас на нашите северномакедонски браќа. Чекам ситуацијата да созрее и да почнам со реализација на оваа идеја“, стои во објавата.
Извор: Независен