(ВИДЕО) Филипче: Илјада токсични наслови – невистини, лаги, навреди, хајки, линч, навреди врз мене и СДСМ

„Денес сакавме да ви ги претставиме дел од илјада токсични наслови што успеавме, за ова кратко време, од вчера да ги собереме. Морам да кажам не беше воопшто тешко, бидејќи ова е само мал дел од она што медиумскиот октопод на ВМРО го произведе за толку краток период. Погледнете, вака изгледа секојдневието на СДСМ и мое лично. Вака се будиме, вака заспиваме, вака функционираме. Со ова се бориме секојдневно. Невистини, лаги, навреди, хајки, линч, навреди итн. Во ова се вложени милиони евра. Ова е нивното разоткривање. Зошто власта го прави ова – за ДЕФОКУС од вистинските реални проблеми“, рече меѓу другото на денешната прес-конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„Денес сакавме да ви ги претставиме дел од илјада токсични наслови што успеавме, за ова кратко време, од вчера да ги собереме. Морам да кажам не беше воопшто тешко, бидејќи ова е само мал дел од она што медиумскиот октопод на ВМРО го произведе за толку краток период. Погледнете, вака изгледа секојдневието на СДСМ и мое лично. Вака се будиме, вака заспиваме, вака функционираме. Со ова се бориме секојдневно. Невистини, лаги, навреди, хајки, линч, навреди итн. Во ова се вложени милиони евра. Ова е нивното разоткривање. Зошто власта го прави ова – за ДЕФОКУС од вистинските реални проблеми“, рече меѓу другото на денешната прес-конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Вели „најжестокиот удар врз нас започна по нашата објава за Алфа ТВ и нивната поврзаност со цела мрежа што оди преку Белград, СНС, па до Будимпешта и Орбан. И тргнаа со сите сили врз нас. Во Здруженијата на новинарите, гледавме последен зрак надеж дека ќе можат да се одбранат од притисоците на ВМРО и да застанат на страната на вистината. Се уште чекаме одговор за поднесените осум претставки за навреди од страна на Героски. Тој ме споредува со убиец на деца, замислете убиец на 300 деца. И никој не реагира. Не се реагира ниту на сето ова што денеска го гледате собрано на едно место денеска“.

„Погледнете ги овие токсични, ужасни наслови, тие зборови, тие изрази. Можете ли да замислите како ние се чувствуваме? Дали ние некогаш сме изјавиле, рекле или напишале нешто вакво? Не, никогаш. Во дел од медиумите велат дека ние таргетираме? Кого? Оние што ова го пишуваат? Тие нам ни велат „Ве држиме на нишан!“ Кога некој застанал во одбрана на некого од нас? Не како политичари, туку како луѓе? Зар мислите дека ова што е напишано на овие насловни страници е човечки? „Глупави, будали, јадете, идиоти итн“ Ова не постои никаде, ама баш никаде“ рече Филипче и продолжи:

„Сега дозволете да ви ја прочитам, поточно да ја цитирам, најавата за мојот линч, повторно, уште на 19 ти декември минатата година! „Венко Филипче којшто треба да одговара за криминали од набавката на вакцини до клинички центри“. И ова е најава ако сакате така да ја наречам на една ваша колешка, претседателка на едно од таканаречените независни здруженија на новинари. Дали е сега појасно кога велиме дека е сценарио, смислено и координирано?“.

Напомена „вчера ја добивме и последната потврда дека сме единствена вистинска опозиција на политичката сцена во Македонија. Организирани напади врз нас преку контролирани медиуми и наши петтоколонаши беа доволни за да стане јасно дека со цела сила удривме во осиното гнездо. Сакаат да ја запрат единствената вистинска и конструктивна опозиција. Единствената опозиција, затоа што се бориме против криминалот на власта, се бориме за подобар живот на граѓаните, на сите граѓани на Македонија. Она што граѓаните денес го гледаат е дека сме конструктивна, а не контролирана опозиција, како некои други“.

„Бевме конструктивни за многу работи, за реформските закони, за закони за поголема минимална плата кои беа одбиени, за поголеми примања во приватниот сектор, кои исто така беа обиени, за намалување на цените на храната, исто така бевме одбиени, за намалување на цената на струјата, исто така владата не одби за се. Бевме конструктивни во Собранието во однос на анкетната комисија за трагедијата во Кочани, која тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ ја преврте целосно и сега не се спроведува. Бевме конструктивни и во однос на запирањето на проектот мигранти за пари. Понудивме Резолуција што сакавме заеднички да ја потпишеме и поднесеме во Собранието, за да ја обезбедиме безбедноста на граѓаните. За возврат, од тендер-коалицијата добивме Декрет по примерот на Третиот рајх, со кој се забранува слободата на говор“ вели Филипче.