Бесплатна проекција на „Мајка Мара“ во Скопје во рамки на зимското издание на јадранската фестивалска мрежа

Во киното „Синеплекс“ денеска ќе биде прикажан филмот „Мајка Мара“ во режија на Мирјана Карановиќ како дел од зимското издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион. Проекцијата ќе започне во 19 часот, а на настанот ќе присуствуваат режисерката и главна актерка Мирјана Карановиќ, актерот Вучиќ Перовиќ, како и кинематограферот Игор Маровиќ.

„Мајка Мара“ е интимна драма што ја следи приказната на успешна бизнисменка и самохрана мајка која се обидува да се справи со загубата на својот син. Неочекуваната поврзаност со неговиот близок пријател Милан ѝ отвора пат кон соочување со траумата, вистината и сопствените емоции.

Скопје е еден од шесте главни градови што денеска ја отвораат програмата на Зимското издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион, покрај Белград, Сараево, Загреб, Љубљана и Херцег Нови. Настанот овозможува публиката бесплатно да гледа селекција од шест наградувани регионални филмови.

Покрај „Мајка Мара“, во целокупната програма се вклучени и филмовите „Семејна терапија“ – Соња Просенц, „Fiume o morte!“ – Игор Безиновиќ, „After the Summer“ – Данис Тановиќ, „Живи и здрави“ – Иван Мариновиќ и „Планета 7693“ – Гојко Бекуљан.

Сите шест филмови ќе бидат достапни и онлајн преку платформата ondemand.kinomeetingpoint.ba.

Зимското издание е заеднички проект на водечките регионални фестивали, вклучувајќи го и македонскиот фестивал „Браќа Манаки“, со поддршка од програмата Креативна Европа – МЕДИА.