
ЈСП до пензионерите: Заверете ги билетите, по 31 јануари ќе ви бидат блокирани
„Заверката се реализира исклучиво лично од страна на корисникот, со приложување на документ за лична идентификација. Сите билети за возрасни лица од “старосна група – над 62/64 години”, кои нема да бидат заверени заклучно со 31.01.2026 година, ќе бидат автоматски блокирани“, велат од ЈСП.
ЈСП Скопје ги информира корисниците на билети за возрасни лица од „старосна група – над 62/64 години“, дека заверката на истите за 2026 година, може да се прави во сите центри за персонализација.
Заверката започна од 15.12.2025 година.
„Заверката се реализира исклучиво лично од страна на корисникот, со приложување на документ за лична идентификација. Сите билети за возрасни лица од “старосна група – над 62/64 години”, кои нема да бидат заверени заклучно со 31.01.2026 година, ќе бидат автоматски блокирани“, велат од ЈСП.
Од понеделникот, кога почна заверката на билетите на пензионерите, дел од наплатните куќички не работат, како таа во Ново Лисиче, кај станицата „згради“, а неколку наплатни куќички не работат со години, затоа што нема доволно персонал кој би ги опслужвал.