Пејачката Шакира и фудбалерот Пике се разделуваат!
Колумбиската пејачка – Шакира (45) потврди, се разделува со фудбалерот на Барселона – Жерард Пике (35), по 11 години во брак. Причина за разделбата е што фудбалерот бил фатен во неверство.
„Жалиме што мораме да потврдиме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои секогаш се прв приоритет, ве молиме да ја почитувате приватноста“ – се вели во соопштението на Шакира.
Пике се уште нема објавено, ниту пак одговорено на обвинувањата на шпанскиот печат дека ја мамел Шакира со 10 години помлада жена.
Пике и Шакира се сретнаа кога колумбиската пејачка го снимаше спотот за песната „Вака Вака“, официјалната химна на Светското првенство во Јужна Африка во 2010.
Нивниот прв син, Милан се роди во 2013 година, а вториот син Саша во 2015 година.