„Палењето на Центарот за култура „Иван Михаjлов“ во Битола е уште една провокација и дел од масовната антибугарска кампања што започна веднаш по отворањето на клубот“.
Ова на Фејсбук го напиша потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.
Според неа, на отворањето на клубот пред еден месец, на кое учествуваше бројна бугарска делегација, беше констатирано дека единствената функција е да ја зачува бугарската култура и идентитет кај Бугарите во С. Македонија.
„Само брзите активности на надлежните институции во најкус можен рок за откривање на сторителите ќе докажат дека кај нашиот западен сосед се почитуваат правата на Бугарите, како и на сите други националности“ вели Јотова.