На пат кон Битола се министерката за надворешни работи на Бугарија – Теодора Генчовска и амбасадорот на Бугарија во земјава, Ангел Ангелов, јавува „БТА“.
Посетата на Генчовска и Ангелов е поради палењето на клубот на КЦ „Иван Михајлов“- Битола.
Реагираа со осуда и од македонското Министерството за надворешни работи.
„Овој вандалски чин е најновиот доказ дека има многу учесници кои се против напредокот во односите на РС Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина. Овој криминален акт не е случајно извршен денеска, кога двете земји ќе почнат дијалог за решавање на отворените прашања по патот на европската интеграција на РС Македонија. Надлежните органи работат за откривање на извршителите на овој вандалски чин“ – стои во соопштението.