Опожарен е културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола

Културниот центар во Битола – „Иван Михајлов” бил опожарен.

„Во раните утрински часови беше опожарен објектот на Културен центар “Иван Михайлов” – Битоля. Очекуваме институциите во нај брз можен рок целосно да го расветлат случајот и сторителите да ги извадат пред лицето на правдата!!“ – пишува во нивната објава на Фејсбук.

Министерството за надворешни работи најостро го осудува актот на намерно палење на влезот на здружението „Иван Михајлов“ во Битола.

Оттаму порачуваат дека „Ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина“.

„Ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на Северна Македонија“ велат од МНР.

Инаку, Културниот центар беше отворен во средината на април, а освен бугарскиот премиер, Крил Петков, на неговото отворање присуствуваше цела делегација од државниот врв на Бугарија.