Сиљановска Давкова ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска – 23 ноември 2025 година, недела, ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември“:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска – 23 ноември 2025 година, недела, ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември“:

‒ за храбриот придонес во конституирањето на самостојна и независна Република Македонија и за активното учество во развојот на македонската демократија;

‒ за особените заслуги во медицината, не само дома, туку и во европски и светски рамки, крунисани со членство во престижни научни меѓународни асоцијации;

‒ за уживањето посебен углед како врвен интервентен кардиолог којшто вовел иновативни техники и методи, извршил неколку илјади коронарни интервенции и над 1 600 транс-радијални каротидни стентирања;

‒ за исклучителните образовни и научни успеси, потврдени со 230 публикации со импакт-фактор на платформата „Wеb of Science“, H-индекс 36 и 13 650 цитати;

‒ за продлабочувањето на меѓународната соработка како почесен конзул на Индонезија;

‒ и за историскиот подвиг во алпинизмот како прв Македонец којшто ги искачил 14-те светски планински врвови над 8 000 метри надморска височина.