Министерката за надворешни работи на Велика Британија – Лиз Трас предупреди дека „неоправданата и нелегална инвазија на Русија врз Украина“ го загрозува светскиот мир и економската стабилност.
Таа по повод 100 дена од почетокот на воената инвазија оцени дека рускиот претседател Владимир Путин „лошо пресметал“.
„Тој очекуваше дека инвазијата ќе заврши за неколку дена, но многу ја потцени решителноста на храбрите Украинци кои бестрашно ја бранеа својата земја“ – наведе Трас.
Таа додаде дека „инвазијата на Путин“ донесе смрт и уништување какви што не биле видени во Европа од Втората светска војна