Железничка несреќа во Словачка – 74 лица се повредени

Во близина на општината Стречно во Словачка синоќа во железничка несреќа повредени се 74 лица, соопшти полицијата.

Несреќата се случила кога воз со стотина патници на северозападот од земјата, застанал поради дефект и потоа бил удрен од локомотива која му доаѓала на помош.

Словачките медиуми пренесуваат дека полицијата преку објава на социјалните мрежи соопштила дека се истражува причината за несреќата, наведувајќи дека полесно се повредени 59 лица, 11 се здобиле со средно тешки повреди, а четворица се потешко повредени.

Во блиските болници се префрлени 34 лица.