„Жените се заслужни колку и мажите за многу важни процеси, било за слобода, еднаквост или демократија“.
Ова синоќа го изјави лидерот на ДУИ – Али Ахмети на панел дискусијата „Родовата интеграција во последните 20 години” организирана од Форумот на жени на ДУИ. Ахмети порача дека жените секогаш ќе ја имаат неговата поддршка и поддршката од ДУИ.
„Денес роденден слават сите тие кои придонесоа да нема дискриминацијата и да се изгради еднакво општество. Денес роденден слават сите Албанци кои државата ја чувствуваат како своја, а не како кираџии како што беа до 2001 година. Жалам кога ги слушам опозициските партии како ронат „крокодилски солзи“ дека сме трошеле многу за роденденот на ДУИ. Денес имаме едно многу толерантно општество“ – изјави Ахмети и посочи дека иднината на државата е заедно да се водат процесите напред.