Шолц доаѓа во Скопје на 11. јуни

Канцеларот на Германија – Олаф Шолц на 11. јуни доаѓа во неколкучасовна посета на Скопје, во рамки на неговата посета на неколку дестинации на Западниот Балкан.

Тој во Скопје ќе дојде од Солун каде на 10. јуни ќе учествува на Самитот за соработка во Југоисточна Европа.

По главниот град на Македонија, германскиот канцелар ќе се упати во Софија, во пресрет на состанокот на Европскиот совет на 23 јуни, кога е предвидено одржување и на одделен Самит со шефовите на држави и влади од земјите на Западниот Балкан.

Шолц пред една недела најави оти ќе посети неколку земји во регионот, кога пред Бундестагот порача дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија (ЕУ) е прашање на кредибилитет и стратешки интерес.