Четири ученици хоспитализирани, 530 евакуирани од училиште во Франција поради истекување гас

Четири ученици се хоспитализирани, а 530 евакуирани откако во едно основно училиште во Франција денеска дојде до истекување на гас, пренесоа локалните медиуми.

Четири ученици се хоспитализирани, а 530 евакуирани откако во едно основно училиште во Франција денеска дојде до истекување на гас, пренесоа локалните медиуми.

Противпожарните екипи интервенирале во училиштето „Андре Малро“ во местото Ла Фарлед, во департманот Вар, откако во објектот се почувствувал мирис на гас.

Евакуирани се 530 ученици од повисоките одделенија на основното училиште и 60 членови на наставниот персонал, а четири ученици биле однесени во болница на набљудување.