ССМ ќе оди на генерален штрајк на 22 јуни ако не им се исполнат две барања

Генерален штрајк ќе има во јавниот сектор ако не се зголемат платите.

Сојузот на синдикати на Македонија повика на генерален штрајк во јавниот сектор ако не се испонат нивните две главни барања:

– Потпишување на колективен договор со кој ќе се утврди линеарното зголемување на платите од 2806 денари за сите вработени во јавниот сектор и враќање на изгубеното право регрес од 2023 година во износ од 30 до 100% од просечната плата во државата.

„Доколку ова не се случи до 21.06 на 22.06 јуни Сојузот на синдикати на Македонија ќе ги повика сите работници како членови и сите останати незадоволни работници да ги прекинат нивните работни процеси на своите работни места и да изразат големо незадоволство или како што велиме ние да направиме генерален штрајк“, кажа Дарко Димовски – претседател на ССМ.