
Македонец загина во несреќа во Италија, познат идентитетот!
На периферијата на Равена, Италија, во близина на каменолом се случила сообраќајна несреќа помеѓу два камиона, при што загинал 60-годишен маж, а друг бил повреден.
На периферијата на Равена, Италија, во близина на каменолом се случила сообраќајна несреќа помеѓу два камиона, при што загинал 60-годишен маж, а друг бил повреден.
Жртвата, според информациите, е од Македонија, која живеела во Луго.
До несреќата дошло откако двата камиона се движеле во спротивни насоки, едниот влегувал, а другиот излегувал од каменоломите, кога се случил сериозниот судир.
„Ислами Месут, 60-годишниот државјанин од Македонија е човекот загина вчера во трагичната несреќа во близина на каменолом во Фосо Џијаја“, објавуваат италијанските медиуми.
Администрацијата на општината Луго изразува сочувство до семејството на Месут: неговата сопруга, двете деца и внуците.
„Добро познат во заедницата Волтана. Го викавме Макс (неговото вистинско име е Ислами), од македонско потекло, дошол во Италија пред околу 20 години да работи. И тој отсекогаш го правел тоа, со чесност и посветеност“, напиша градоначалничката Елена Занони на социјалните мрежи.
„Макс и неговата сопруга се добро познати и почитувани низ цела Волтана, каде што решиле трајно да се населат по краток престој во Равена. Нивната работа им овозможила на двете нивни деца да дипломираат и да купат куќа.
„Сметаме дека сме среќни што ги имавме за соседи и пријатели“, рече Валерија Монти, претседателка на Советот на Волтана.
„Тие беа прекрасно семејство, совршен пример за интеграција.“ (4NEWS.MK)