(ВИДЕО) Девојче му впери пушка во главата на 11-годишниот брат

Од МВР известуваат дека од родителот било одземено огненото оружје и дозволата за негово поседување.

По објавената снимка на социјалните мрежи на која се гледа како 15-годишно девојче вперува ловечка пушка во главата на 11-годишниот брат, интервенираше полицијата во крушевското село Јакреново.

Од МВР известуваат дека од родителот било одземено огненото оружје и дозволата за негово поседување.

„На 14.11.2025 во 13 часот во село Јакреново, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево од Ф.А.(44) од село Јакреново одзедоа ловечка пушка, ременик и дозвола за поседување оружје. Имено, претходно беше пријавено дека на социјална мрежа беше објавено видео на кое се гледа дека 15-годишно девојче вперува огнено оружје кон главата на својот 11 – годишен брат. По преземени мерки беше утврдено дека настанот се случил во неговиот дом и беа направени консултации со јавен обвинител, оружјето е одземено и по целосно документирање на случајот против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира полицијата.