Македонија и Унгарија договорија соработка во енергетиката

„Соработката во енергетиката останува клучен столб на нашите односи. Ја потврдивме важноста на непрекинато снабдување со природен гас, поддршка за инфраструктурни проекти кои ја зголемуваат сигурноста и отпорноста на нашите енергетски системи, препознавајќи дека обезбедувањето на сигурна и одржлива енергетска иднина е заедничка одговорност“, истакна државниот секретар Горан Јовановски.

Седницата на Мешовитиот комитет ја потврди стратегиската посветеност на двете земји за јакнење на регионалната енергетска стабилност.

„Соработката во енергетиката останува клучен столб на нашите односи. Ја потврдивме важноста на непрекинато снабдување со природен гас, поддршка за инфраструктурни проекти кои ја зголемуваат сигурноста и отпорноста на нашите енергетски системи, препознавајќи дека обезбедувањето на сигурна и одржлива енергетска иднина е заедничка одговорност“, истакна државниот секретар Горан Јовановски.

Јовановски и македонската делегација остварија и билатерални средби со претседавачот на Мешовитиот комитет, Петар Старај како и со Петар Холица, заменик државен секретар на Министерството за енергетика на Унгарија, на кои ја зацврстија заедничката заложба за развој на инфраструктурата, подобрување на енергетската ефикасност и модернизација на системите за производство на електрична енергија.

Седницата јасно покажа дека соработката меѓу двете земји не се ограничува само на потпишување протоколи. Таа се базира на доверба, експертиза и визија за одржлива енергетска иднина, која ќе обезбеди сигурност и просперитет за целиот регион.