Кари повтори рекорд на Џордан

Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, се израмни со шесткратниот шампион на НБА, Мајкл Џордан, по најмногу натпревари со 40 или повеќе поени откако наполни 30 години.

Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, се израмни со шесткратниот шампион на НБА, Мајкл Џордан, по најмногу натпревари со 40 или повеќе поени откако наполни 30 години.

Во победата на гостувањето кај Сан Антонио (109:108) остварена утринава, 37-годишниот Кари постигна 49 поени.

Ова му овозможи да го израмни Џордан по најмногу натпревари со 40 или повеќе поени откако наполни 30 години. Тие сега имаат 44 такви средби во историјата на НБА, што е рекорд во лигата.

Голден Стејт е осми во Западната конференција на најсилната кошаркарска лига на светот.