Изложба „Стопен град“ на Игор Сековски во Чифте амам

Изложбата „Стопен град“ на Игор Сековски вечер ќе биде отворена во Националната галерија на Република Северна Македонија, објект Чифте амам.

Изложбата „Стопен град“ на Игор Сековски вечер ќе биде отворена во Националната галерија на Република Северна Македонија, објект Чифте амам.

Проектот е реализиран со поддршка на Министерството за култура и туризам и Националната галерија на Република Северна Македонија и ќе биде поставен до 27 ноември.

Кураторот Ана Франговска пишува дека со проектот „Стопен град“, Игор Сековски го продолжува своето истражување на градот како жив, чувствителен и нестабилен организам.

– По серијата дела посветени на урбаните трансформации, овој пат фокусот е насочен кон климатските промени и нивното влијание врз материјалната и човечката кревкост. Серијата парафински објекти го претставува градот во состојба на топење – како метафора на архитектонскиот поредок под притисок на топлина, загадување и ентропија. Парафинот, материјал што реагира на температурата, го воведува климатскиот фактор како коавтор на формата, каде што уметноста станува еколошка соработка меѓу човекот, материјата и околината. Стопените структури асоцираат на надреални урбани пејзажи во кои границите меѓу стабилност и распад, реалност и имагинација, стануваат флуидни. Градот се појавува како „психогеографија на нестабилност“, при што топлината не е само физички, туку и психолошки и социјален симптом, наведува Франговска.