Лажна дојава за поставена бомба во авион на летот Рим – Приштина имало синоќа, јавија регионалните медиуми.
Авионот за кој се случила дојавата летал од Рим кон косовската престолнина.
Сепак, на крај испаднало дека дојавата е лажна, а веднаш по нејзиното добивање е направена контрола.
Информацијата ги вознемирила патниците, но нивната здравствена состојба е добра и набргу ситуацијата се смирила, рекол шефот на полицијата на аеродромот „Адем Јашари“, Шпенд Малиќи.
Во авионот имало околу 200 патници.