Никос Дендиас – министерот за надворешни работи на Грција денеска ќе биде во посета на Белград, каде што ќе одржи низа средби со српскиот државен врв.
Тој утрово ќе биде примен од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а потоа ќе се сретне со шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ и со претседателот на Собранието, Ивица Дачиќ.
Посетата е во рамките на турнејата на Западен Балкан во пресрет на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што ќе се одржи на 10. јуни во Солун.
На средбите во Белград се очекува да стане збор за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, безбедноста и стабилноста во регионот, дополнителното зајакнување на билатералните односи во сите области, како и за пошироките регионални случувања, вклучително и ситуацијата во Украина по руската инвазија.
Шефот на грчката дипломатија минатата седмица ја започна балканската турнеја со посети на Албанија и С. Македонија, во вторникот беше во Босна и Херцеговина, а следната седмица, во вторник и в среда ќе биде во посета на Црна Гора и Косово.