Во 11 часот е најавено да продолжи 13-та седница на Комисијата за избори и именувања.
На седницата треба да бидат утврдени предлозите за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Имено на вчерашната седница беше утврден предлогот Фатмир Скендер, граѓански судија во Апелациониот суд во Скопје, да биде избран за уставен судија. Комисијата треба да се произнесе уште за осум предлог-судии.
Пратениците треба да се произнесат и за предлозите за уставни судии на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Тања Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, предложени од владејачките партии, и на универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, судијата во пензија Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид, предложени од ВМРО-ДПМНЕ.