Македонија ја надигра Бугарија на нејзин терен, но не ја победи – конечни 1:1

Сениорската фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено 1-1 гостувањето во Разград, против домаќинот Бугарија во воведниот настап од оваа Лига на нации.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски иако беа доминантни на теренот, сепак дојдоа само до бод на теренот на „Хуверфарма Арена“.

Статистиката беше целосно во корист на момците во црвени дресови, но шансите за триумф останаа нереализирани.

Бугарија поведе во 13. минута со единствениот шут во рамките на голот на Столе Димитриевски. Десподов беше стрелец по асистенцијата на Илиев.

Од тој момент, па се до крајот на натпреварот, на теренот постоеше само Македонија.

Енис Барди во првиот дел имаше одлична можност да го израмни резултатот, но биеше во главата на голманот Михаилов.

Во второто полувреме продолжи доминантна игра на македонските репрезентативци и по само 5 минути стигна израмнувањето, стрелец за 1-1 беше Милан Ристовски.

Само десет минути подоцна Алиоски имаше одлична можност за гол за пресврт, но резултатот остана непроменет.

Судијата Пињар во 94 минута досуди пенал за Бугарија, но по ВАР сугестија одлуката беше променета.

Следниот предизвик за македонските фудбалери ќе биде гостувањето кај Гибралтар, на 5. јуни.