Вучиќ остар: Не се мешаме во таа војна, не требаше да ме поканите овде
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, учествуваше на годишниот форум „ГЛОБСЕК 2022“ во Братислава на панелот „Србија и ЕУ: Стратешко партнерство за иднината“.
Вучиќ на почетокот на своето излагање рече дека никој не може да преживее без гас и дека неговата земја синото гориво го добива исклучиво од Русија. Како што истакна, има неколку земји кои одбиваат да користат руски гас.
„Правиме се што можеме за да го диверзифицираме снабдувањето со гас и работиме да видиме како можеме да добиеме повеќе гас од гасоводот и од други извори“, рече тој.
„Никој не сака да ги слушне овие зборови, и многу е тешко да се водат рационални разговори, но нашата цел е да станеме членка на ЕУ, имаме различни ставови за прашањето за Косово и некои членки на ЕУ. Зборував на инаугурацијата за важноста за постигнување компромис со Приштина и тоа го сметаме за многу важно“, рече Вучиќ.
Одговарајќи на прашањето за победата на претседателските избори, Вучиќ рече дека победил во првиот круг со 61 отсто важечки гласови, како неговата партија да освоила 43 отсто во парламентот, додека второпласираниот имал само 12 отсто.
„ГЛОБСЕК 2022“ се одржува од денеска до 4 јуни, а фокусот на овогодинешниот собир е мобилизирање поддршка и акција за Украина и европското соседство, вклучително и Западен Балкан.
Вучиќ рече дека Србија нема да биде дел од војната во Украина и праша кој им помогнал во 1999 година.
„Тогаш се користеше истиот наратив како и сега, некој од другата страна сега вели дека ова го прави за да спречи геноцид. Не требаше да ме викате овде бидејќи не сум дел од мејнстрим политичкото мислење“, рече претседателот на Србија.