Меркел го прекина молкот и еве што кажа за Русија-Украина
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денеска зборуваше за прв пат од почетокот на конфликтот во Украина.
Таа на настанот во Берлин ја поддржа работата на Владата, Европската Унија, САД, НАТО и други кои се во насока на изнаоѓање решение, како што рече, „за крај на таа варварска војна“.
„Мојата солидарност оди за Украина, која беше нападната од Русија и врз неа е извршена инвазија, и го поддржувам нејзиното право на самоодбрана“, рече Меркел, пренесува Би-би-си.
Поранешната германска канцеларка е критикувана дека се обидувала да биде премногу блиска со рускиот претседател Владимир Путин за време на нејзиното 16-годишно владеење, особено поради тоа што се согласила со гасоводот Северен тек 2, јавува Би-Би-Си.