Оружје од Британија за Украина

Обединетото Кралство ќе испрати воена помош за Украина.

Ова стана јасно од зборовите на британскиот министер за одбрана Бен Валас . Тој најави дека Обединетото Кралство ќе испрати ракетни системи во Украина.

„Велика Британија ќе испрати лансери М270, што ќе можат да погодат цели до 80 километри. Како што се менуваат руските тактики, така мора да се менува и нашата поддршка за Украина. Овие високо способни ракетни системи за повеќекратно лансирање ќе обезбедат подобра одбрана од руската артилерија со долг дострел“, кажа Валас.