Претседателот на Албанија – Илир Мета постхумно го одликуваше неговиот претходник, сегапочинатиот Бујар Нишани, со орден на националното знаме, што е највисоко признание во оваа земја.
Признанието му се доделува за „неговиот голем придонес во сите негови високи државнички задачи, за зајакнувањето на демократијата и институциите, за евроатланската и европска интеграција на земјата, за заштитата и промоцијата на националните интереси. Во чест на интегритетот и високото човечко достоинство, како модел на државник кој посветено и одговорно работеше во служба на татковината”.
Нишани (56) почина во саботата во клиника во Германија.
Најпрво беше хоспитализиран во болница во Тирана, а поради компликации од пневмонија надредена на постковидна фиброза во белите дробови беше пренесен во клиниката во Германија.
Боледувал и од автоимуна болест на црниот дроб.
Посмртните останки во Тирана беа пренесени во вторникот, а погребот е денеска на гробиштата Шара.
Со одлука на Владата денешниот ден во Албанија е прогласен ден на национална жалост.
Нишани стана претседател на 45-годишна возраст и беше најмладиот претседател на посткомунистичка Албанија. Функцијата ја извршуваше од 2012 до 2017 година.