Комисијата за избори и именувања ќе расправа за Изборот на уставни судии

На дневен ред на седницата на собраниската Комисија за избори и именувања е изборот на уставните судии.

Членовите на Комисијата треба да ги разгледаат биографиите на деветте кандидати за уставни судии и тоа тројца предложени од мнозинството и шест од опозицијата.

Предложени се девет кандидати, а нивниот избор досега се одвлекуваше поради обврски на членови на Комисијата, вака барем одразложуваше претседателката Марија Георгиевска .

Пратениците од власта ги предложија републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје Фатмир Скендер и Тања Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство.

Додека, опозицијата ги предложи универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, судијата во пензија Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид.