Тупанчески: Нема да е лесно, но не е невозможно да се зголеми довербата во судството

Никола Тупанчески – македонскиот министер за правда вечерва на тв24 рече дека ќе стори се за да се врати довербата во судството.

„Нема  да биде лесно и веднаш, но не е невозможно да се зголеми довербата.Ако не верував во судството, немаше да бидам министер за правда“ – рече Тупанчески.

Тупанчески смета дека нашата држава пати од т.н хипер-продукција на закони.

„Се реафирмира или реактивира повторно противправното стекнување на имот, тоа не е само прекршок, постои кривично дело. Значи ние имаме инкриминација, а ако одиме наназад ретроспективно, практично графата за оваа инкриминација е празна. Значи, имаме алатка која не сме ја искористиле досега. Втората алатка е Законот за персонален данок на доход, членот 94 со три одредби каде што се дава правна можност,  лицето  доколку не може да докаже од каде му е имотот, движен, недвижен итн тогаш постои можност  за да се оданочи 70 %  она што не може да го докаже, дека е резултат на неговите приходи“ – рече министерот.

Тупанчески верува дека доаѓаат подобри времиња за развој на правосудниот и обвинителскиот систем.

„Не само избраните и именувани функционери, туку напротив сметам дека сите граѓани треба да бидат под лупата на тоа на кој начин стигнале до одредени приходи кои понекогаш можат да бидат и неоданочени“ смета тој.