Од ноќеска ново поскапување на горивата

Од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата.

РКЕ попладнево донесе одлука со која цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за три денари по литар.

Од друга страна ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 2,5 денари за литар

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 107 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 109, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 97,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 95,5 денари за литар.

Мазутот останува со иста цена, 54,64 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажни цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините во просек за 4,584 отсто и кај дизелот за 4,856 отсто, како и за 0,467 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.