Државниот завод за статистика во врска со Пописот од 2021 година, во третиот сет на пописни податоци ги објави оние кои се однесуваат на: Образовните и економските карактеристики на лицата, лицата со попреченост и дел од картактеристиките на живеалиштата и становите.
Од вкупното резидентното население на возраст од 15 години и повеќе регистрирани се 18.897 неписмени лица, од кои 5.517 се мажи и 13.380 се жени.
„Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, регистрирани се: 23.192 лица или 1.5 % без образование, 62.129 лица или 4.1 % се со незавршено основно образование, 423.456 лица или 27.8 % се со основно образование, 672.375 лица или 44.1 % се со средно образование, 263.349 лица или 17.3 % се со високо образование, 29.654 лица или 1.9 % се со магистратура, 6.037 лица или 0,4 % се со докторат, а 45.174 лица или 3.0 % се со непозната школска подготовка.
– Според видот на највисокиот степен на школска подготовка, 189.736 лица или 18.7 % се во од областа Инженерство, производство и градежништво, а само 19.044 лица или 1.9 % се во од областа Информатичко-комуникациски технологии.
– Во вкупното резидентното население на возраст од 5 години и повеќе, кои се во процесот на формалното (редовно) образование: 186.570 лица или 10.7 % посетуваат основното образование, 80 378 лица или 4.6 % се во средното образование, додека 93 804 лица или 5.4 % се во високото образование, на магистратура и на докторски студии.
– Вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе изнесува 1.525.366 лица, од кои 717.769 лица се дел од активното население , односно 608.520 лица се вработени, а 109.249 лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува 768.549 лица.
– Во вкупното резидентно население бројот на лицата со попреченост изнесува 94.412 лица и тоа: 1.8 % на возраст од 0- до 14 години, 43.5 % на возраст од 15- до 64 години и 54.8 % на возраст од 65 и повеќе.