Вето од Швајцарија за Данска за реекспорт на оружје за Украина

Швајцарија не и дозволила на Данска реекспорт на оружје за Украина. Тоа значи дека владата на таа земја и ставилавето на барањето на Данска да испрати оклопни транспортери од швајцарско производство во Украина.

Во образложението, Швајцарија се повикува на својата политика на неутралност според која земјата не испорачува оружје во конфликтните зони, објави швајцарската телевизија „СРФ“.

Телевизијата се повикува на одлука на Државниот секретаријат за економски прашања (СЕКО) кој го отфрлил барањето на Данска за испорака на околу 20 пешадиски борбени возила „Пирања III“ во Украина.

Од Секретаријатот нема коментар по објавата.

Имено, неутралната Швајцарија ги условува земјите што купуваат швајцарско оружје со дозвола доколку планираат реекспорт, од друга страна Швајцарија ја отфрли досегашната практика и се приклучи кон санкциите на Европската унија против Русија поради нејзината инвазија на Украина.