Во ребалансот на буџетот, и од претходната министерка има почнато постапка, предвидени се средства за повисоки плати и во високото образование, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Тој при посетата на ОУ „26 Јули“ во општина Шуто Оризари истакна дека е отворен за дијалог и соработка со синдикатот за високо образование и се надева на состанок следната недела за како што посочи да се види дека пред јунската сесија да немаат последици студентите и да има разбирање за овој процес.
Потенцираше дека со ребалансот на буџетот е предвидено повисоки плати да имаат од септември, дека средствата се предвидени и таа постапка е почната од неговата претходничка Мила Царовска.