Нови предупредувања од СЗО доаѓаат за мајмунските сипаници.
Од оваа организација предупредуваат дека е можно нивно ширење ширум Европза за време на фестивалите и другите поголеми собири планирани ова лето низ Европа.
„Потенцијалот за натамошно ширење на вирусот во Европа и на други места ова лето е голем“, кажа Ханс Анри Клуге, регионалниот директор на СЗО за Европа.
Сепак, Клуге смета дека фестивалите и другите настани планирани за следните неколку месеци би можеле да бидат можност за „покревање на свеста и зајакнување на заштитата на поединците и заедницата“ кај младите луѓе кои се сексуално активни и глобално мобилни.