
Младите во Македонија ги менуваат навиките: Помалку алкохол, повеќе електронски цигари
Според најновото истражување ESPAD 2024, тинејџерите во Македонија и во Европа го менуваат својот однос кон пушењето и алкохолот. Во земјава, младите пушат многу помалку од своите врсници во другите европски земји, но расте употребата на електронски цигари, што е причина за загриженост.
Според најновото истражување ESPAD 2024, тинејџерите во Македонија и во Европа го менуваат својот однос кон пушењето и алкохолот. Во земјава, младите пушат многу помалку од своите врсници во другите европски земји, но расте употребата на електронски цигари, што е причина за загриженост.
Истражувањето ги опфати навиките на над 113.000 ученици од 37 европски земји. Резултатите покажуваат дека традиционалното пушење и пиење алкохол постепено опаѓа, додека новите начини на употреба, како е-цигари и лекови без рецепт, стануваат сè почести. Во Македонија, момчињата почесто почнуваат со алкохол на млада возраст, додека девојчињата се почесто свртуваат кон е-цигари.
Пушење цигари
Во Европа, околу 32% од тинејџерите некогаш пробале цигара. Најмногу пушат учениците во Унгарија и Словачка, а најмалку во Исланд и Малта. Во повеќето земји девојчињата пушат повеќе од момчињата, но во Косово и Грузија момчињата се поактивни во пушењето. Македонија има ниска стапка на пушење, но трендот на префрлање кон е-цигари расте.
Електронски цигари
Е-цигарите се најлесно достапни за младите – речиси 60% велат дека лесно можат да ги набават. Највисока употреба се забележува во Данска, а најниска во Косово. Во Европа, околу 44% од тинејџерите ги пробале барем еднаш, а девојчињата генерално се поактивни. Сепак, во Македонија момчињата имаат поголема склоност кон е-цигари, што е сигнал за внимателна превенција..
Алкохол
Алкохолот останува најдостапната легална супстанција за младите. Во просек, 75% од учениците велат дека лесно можат да го најдат. Во Македонија, 35% од момчињата и 22% од девојчињата пробале алкохол пред 13 години, што покажува дека раното пиење е почесто кај машките. Во Европа, најчесто „пијанството“ се случува во Данска и Германија, додека во Косово и Исланд е значително поретко.
Други супстанции
Канабисот останува најпопуларната нелегална дрога, но употребата во Македонија е многу ниска, под 5%. Во Европските земји 26 % од учениците велат дека можат лесно да најдат канабис на пазарот. Најмногу го употребуваат имаат Данска, Германија, Словенија и Норвешка (околу 40 %), а најмалку младите во Молдавија, Украина, и Косово и Грузија.
Новите психоактивни супстанции и лекови без рецепт се користат во помал број, а инхалантите се скоро непопуларни во земјава. Просечната употреба на синтетички дроги што ја имитираат класичната дрога 3 %, со највисоки стапки на употреба кај младите во Полска и Словенија (6 %), а најниски во Холандија и Молдавија.
ESPAD 2024 покажува дека европските тинејџерски навики се менуваат: традиционалното пушење и пиење опаѓаат, но е-цигарите и раното пиење остануваат предизвик. Македонија генерално се наоѓа во поволна позиција со ниска употреба на цигари и дроги, но растот на е-цигари и раното пиење кај момчињата покажува дека се потребни образовни и превентивни мерки за здравјето на младите.
извор: Трн.мк