Бајден: Во моментов нема индикации дека Русија планира употреба на нуклеарно оружје во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД не гледаат никакви индикации дека Русија планира да употреби нуклеарно оружје во Украина.

„Знам дека многу луѓе ширум светот се загрижени за употребата на нуклеарно оружје. Во моментов не гледаме никакви индикации дека Русија има намера да употреби нуклеарно оружје во Украина, иако повремената реторика на Русија да ѕвецка со нуклеарната сабја е сама по себе опасна и крајно неодговорна“ – напиша Бајден во авторски текст за „Њујорк Тајмс“.

Тој нагласи дека секоја употреба на нуклеарно оружје во украинскиот конфликт од кој било размер би била „целосно неприфатлива“ за САД, како и за остатокот од светот.