Ако патувате во Грција: Од денес укината и последната и единствена Ковид мерка

Летните месеци во соседна Грција ќе може слободно да ги шетате без маска.

Од денес таму се укинува и последната ковид мерка-без маска и во затворено.

Како што јавува дописничката на МИА од Атина, исклучок за оваа мерка ќе биде само за болниците, домовите за нега на стари лица и слични институции, како и во јавниот градски превоз, односно во автобусите, метрото, трамваите и тролејбусите, каде што и понатаму ќе биде задолжително носење маска.

Она што е важно да се напомене е дека оваа одлука е смао привремена и на сила ќе се врати наесен со враќањето на вирусите.

За патување во Грција повеќе не е потребен ниту сертификат за вакцинација, ниту негативен резултат од направен тест, додека пак веќе два и пол месеци е укинат и ПЛФ – формуларот. Истото важи и за во внатрешноста на земјата, односно за влез во затворените објекти не е потребен документ за Ковид-19, како што беше пракса претходно, а од денеска веќе не е потребно и носење маска.

Сепак, укинувањето на мерките во Грција е привремено, бидејќи на есен, од септември, во зависност од текот на пандемијата, не е исклучена можноста одново да се воведат некои од претходните рестрикции.