Никола Тупанчески – министерот за правда на Скопски економски и финансиски форум” ги презентираше активностите на Министерството за правда во делот на реформите во правосудниот и обвинителскиот систем и антикорупциската правна рамка.
„Клучните елементи на доброто владеење, кои претеставуваат темел на демократијата, вклучуваат стратешка визија, активно учество на граѓаните, следење на нивната состојба и потреби, одговорност и отчетност, транспарентност, консензуални одлуки, ефективност и ефикасност на службите. Новата парадигма на одговорност го редефинира управувањето, односно владеењето како меѓузависност меѓу владини и невладини фактори во справувањето со современите предизвици и осмислувањето и следењето на јавните политики. Во развиените системи, современото управување подразбира преговарање, договарање и консензус наместо наметнување на авторитети.Професионалниот, ефикасен и непристрасен систем е гаранција за владеење на правото и заштита на човековите права.Институциите можат да го поддржат економското закрепнување преку одговорно управување со јавните ресурси, кратење на непродуктивните трошоци, намалување на административниот товар, поедноставување на административните процедури, стратегиско инвестирање во човечкиот капитал” – рече Тупанчески.
Тој рече дека очекува оваа година да се случи ренесанса на правосудството, а како примери ги наведе носењето на Законите за спречување на корупција и судир на интереси, за судовите, за судскиот совет, за лобирање, за заштита на укажувачи.
Смета дека најголем предизвик е создавањето услови за доследна примена на законите.